На 26 декември 2014 година (петок), со почеток во 10 часот во Клуб на новинари, (бул. Партизански одреди 4, Градски ѕид број 13, Скопје) ќе се одржи Информативна средба на која сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со објавениот Повик за проекти 2015 -2016 година во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Вашето присуство на Информативната средба може да го потврдите на bn-mk@aldaintranet.org најдоцна до 25 декември 2014 година.
Сите детали за Повикот за проекти 2015 -2016 година ќе ги најдете овде.