На 26 декември 2014 година, во Клубот на новинари се одржа информативна средба за Повикот на проекти 2015-2016 година. Големиот интерес за повикот за проекти резултираше со голема посетеност на средбата од страна на претставници на граѓански сектор, единици на локална самоуправа, културни и образовни институции и сл.
На средбата присутните се запознаа со историјата и развојот на соработката Долна Нормандија и Македонија и со начинот и документацијата за аплицирање на повикот за проекти. Ова беше можност за презентација на дел од веќе реализираните проекти во 2014 година.
По кратката презентација присутните имаа можност да поставуваат прашања за Повикот за проекти 2015-2016 година и истата ја оценија како исклучително корисна.