Делегација од Каен дојде во посета на Охрид на 19 јануари токму за време на празникот Водици. Прославувањето на Водици беше проследено од француската делегација заедно со другите странски делегации од збратимените градови со Охрид. Овој празник беше исто така повод за гостите од Каен да се запознаат подобро со македонската култура и обичаи.
За време на посетата претставниците од општината на Каен и од општината на Охрид имаа можност да разговараат за нивните идни планови во рамки на соработката Долна Нормандија/Македонија како и за престојните активности на заедничкиот проект за заштита на старото градско јадро на Охрид како културно наследство на УНЕСКО.