Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, ја започнаа својата соработка на темата човекови права, во рамките на децентрализираната соработката. Така, двете организации подготвија јавна дискусија која има за цел да отвори прашања во врска со растечката тенденција на кривични дела сторени од омраза кај младите во Република Македонија и Република Франција. Дебата ќе се одржи во петок, на 16 мај 2014 година, во Скопје.
Настанот „кривични дела сторени од омраза на религиозна или етничка основа кај младите во Република Македонија и Република Франција: сличности и разлики“ ќе го отворат г-ѓа Карен Роше, првата советничка на Амбасадата на Република Франција во Македонија, г-ѓа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и г-ѓа Ивана Димитровска, одговорна за програмата на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје. Во дебатата ќе учесвуваат голем број на експерти од Македонија, кои ќе ја анализираат оваа тема од повеќе аспекти, како што се правниот и медиумскиот аспект. Француското видување на оваа тема ќе го застапува г-ѓа Сара Барние Лирој, проектен менаџер на Меѓународниот Институт за човекови права и мир во Каен.
Ве покануваме да учествувата на оваа јавна дискусија во петок, во ГЕМ Клубот, во Скопје, со поечеток во 10 часот. За повеќе информации, можете да ја погледнете агендата на македонски и на француски јазик.