Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

30 јан. 2015

100 годишнина од Прва светска војна во Македонија: заеднички пристап за одбележување

100 годишнина од Прва светска војна во Македонија: заеднички пристап за одбележување

 

На 29 јануари 2015 во Скопје се одржа средба на чинители на тема „Прва светска војна во Македонија“. На оваа средба учествуваа 20 претставници од општини, организации, министерства, културни и образовни институции кои работат на оваа тема во Македонија со цел да ги споделат своите проекти и идеи за заедничко обележување на 100 годишнината од Првата светска војна во Македонија. 

Средбата беше отворена од страна на француската амбасадорка г-ѓа Лоранс Оер, таа истакна дека: „преку колективното сеќавање може да обележиме една споделена историја помеѓу Франција и Македонија. Би сакале активностите околу Источниот фронт да имаат одржливост и од нив да произлезат и други локални иницијативи“. Г. Марк Потје, историчар од Нормандија и партнер на програмата за соработка со Македонија изјави дека: “Источниот фронт не е доволно познат во Франција. Треба да раскажеме што се случило на овој фронт, да истакнеме индивидуални приказни и преку нив да се сочувствува за паднати борци. Тоа ќе ги поттикне луѓето да ги посетуваат местата од Првата светска војна.“

Во Македонија малку се знае за Првата светска војна а, на самата територија на денешна Македонија, се воделе големи битки и има сè уште има траги од војната за кои може да се сведочи дури и по еден век. Голем број приказни за Првата светска војна, познати само за локалните населенија во Македонија останува да се раскажат за пошироката јавност. Преку индивидуалните приказни, локациите и предметите останати од Првата светска војна, Македонија има голем потенцијал за развој на меморијален туризам и да стане една од главните локации за посета на тема Првата светска војна.

Во рамките на програмата Долна Нормандија – Македонија се предвидуваат низа активности од различен вид: истражувања, научни трудови, размени на млади, создавање на едукативни и други аудиовизуелни материјали итн. Една од најважните активности ќе биде организација на голема меѓународна конференција за културното наследство од Прва светска војна и можностите за меморијален туризам и локален развој. Сите активности во соработката се предводени од македонски чинители, општини, здруженија на граѓани, образовни и културни институции. На работната средба, овие чинители се заложија за заеднички пристап и цели. 

Средбата е организирана во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА). Оваа соработка се развива веќе 10 години и цели кон придонес за локалниот развој и демократија во Македонија и Долна Нормандија. 

 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix