На 29 јануари 2015 г. во Скопје, г. Александар Фоло, директор на секторот за европски прашања и меѓународни односи на Регионот Долна Нормандија одржа презентација на тема: „Децентрализирано управување со ЕУ фондови : искуството на Долна Нормандија“. Конференцијата беше организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања и беше посетена од страна на 50 државни службеници од различни министерства заинтересирани за европски прашања.
Регионот Долна Нормандија со новата програма за 2014 – 2020 е директен орган за имплементација на структурни фондови. „Раководењето со европските фондови овозможува многу можности за развојот на нашите територии, но, тоа исто така подразбира совршена организација на сите сектори, човекови ресурси и други чинители кои се засегнати од процесот“ објасни г. Фоло. Освен ова децентрализирано раководење на европските структурни фондови, Регионот Долна Нормандија исто така раководи со програмите за преку-гранична соработка и поттикнува проекти во рамките на програмите на заедницата.
Презентацијата на г. Фоло предизвика голем интерес кај публиката. Особено, поради тоа што владата на Република Македонија ја припрема новата програма 2014 – 2020 за ИПА и доброто раководење на структурните европски фондови е важно да се примени особено во пределот на потрошување на европските фондови од страна на владата.
Конференцијата беше отворена од страна на г-ѓа Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија. Таа истакна дека различната методологија на соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија која подразбира разноврсни чинители: општини, училишта, претставници од граѓанскиот сектор се применува и во европските програми. Г-ѓа Ана Блажеска, Државен секретар за европски прашања, ја истакна важноста на овој тип на соработки и пријателствата со европските земји за да придонесе кон доближување на Македонија кон Европската Унија.
Долна Нормандија и Македонија се наоѓаат во различни контексти, сепак имаат заеднички точки кога е во прашање раководењето на европски фондови. Така, повеќе активности за рамена на добри практики и поддршка се превидени во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија на национално ниво.