Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

3 фев. 2015

Општината Новаци ќе работи со општина од Долна Нормандија на тема Прва светска војна

Општината Новаци ќе работи со општина од Долна Нормандија на тема Прва светска војна

Општина Новаци ќе работи со општината Коломбел од Долна Нормандија на заеднички проект за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна. 

На 28 јануари г. Марк Потје, градоначалник на општината Коломбел го посети Новаци со цел да разговараат за можностите за соработка помеѓу овие две општини. Средбата помеѓу г. Потје и градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски беше многу успешна и беа договорени активностите кои ќе ги спроведуваат околу темата Прва светска војна во Македонија. На состанокот присуствуваа исто така и Сабин Гише Лебаји, Раководител за меѓународна соработката и мобилност во Регионот Долна Нормандија, конзулот на Франција Калиопа Стилиновиќ Кривашија и Ивана Димитровска раководител на програмата за децентрализирана соработка,подружница на Агенции за локална демократија – АЛДА Скопје. За време на престојот во Новаци г. Потје ги посети рововите од Првата светска војна кои се наоѓаат на територијата на Новаци.

Општина Новаци и општина Коломбел планираат исто така и заедничко одбележување на 100-годипнината од Првата светска војна.
Дополнително, градоначалниците Котевски и Потје на средбата најавија дека меѓусебната соработка ќе продолжи и во иднина на повеќе полиња, особено во насока на развивање и промовирање на меморијалниот туризам.

Активностите кои ќе бисат спроведени на тема Прва светска војна се во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Погледнете ја галеријата со фотографии овде.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x