Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 фев. 2015

Општина Могила - Единица на Локална Самоуправа

Општина - Могила

Интернет страница : www.mogila.gov.mk  

Контакт е-пошта : gorloz@hotmail.com


Тема на која ќе работите :

  • Човекови права : демократска ангажираност и граѓанско учество
  • Култура и културно наследство

Баран тип на структура за партнерство :

  • здруженија на граѓани
  • единици на локална самоуправа
  • области, департмани, заедница на области од Долна Нормандија
  • културни институции од јавен карактер

Краток опис на проектот :

Општина Могила во изминатиот период работеше на размена на културно наследство на територијата на двете земји , би сакале да ја продолжиме соработката и на оваа тематика.     

Но, како нов момент би сакале да работиме и на граѓанскиот активизам, волунтаризам , здружување кое во Р. Франција е особено развиено, би сакале да соработуваме со здруженија,  невладин сектор или пак заедница на области, департман или општина која има искуство во здружување и едукација на месното население во рурални средини со цел здружување и активизам, би сакале  една од темите да биде и функционирање наЛАГ– ови,  Локални Акциони Групи кои користат средства од Европските Фондови се со цел, размена на добри практики и научени лекции од партнерите во Нормандија.  Останати теми на соработката би сакале да бидат и здружување на земјоделците, посебно млекопроизводителите во задруги со цел подобрување на услови и нови производи,(можеби соработка со млекопроизводителот кој направил музеј за млеко на својата фарма и произведува карамели од своето млеко, како дел од размената со посета).

Со цел да ги инспирираме нашите граѓани да направат мали иновативни чекори кои ќе променат многу во заедницата во која живеат и работат. Да го разбудиме нивниот потенцијал и потреба за промени и подобрување на средината во која живеат и работат.

Проектот би опфатил едукација и размена, градење на партнерство за идни проекти за Европските фондови и визибилност на соработката со веб страна и печатење на брошура.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x