Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

6 фев. 2015

Младите од Франција и Македонија со видео порака против дела од омраза

Младите од Франција и Македонија со видео порака против дела од омраза

На 30 јануари оваа година Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, ја презентираа заедничкатата видео-порака против делата од омраза од младите во Франција и Македонија.

Младите ја изработија пораката против дела од омраза и насилство за време на Училиштето за човекови права кое се одржа ова лето на тема: „Дела од омраза на етничка и религиозна основа“. За време на презентацијата имавме прилика да ги слушнеме и искуствата на две учеснички на летното училиште од Македонија и од Долна Нормандија. Студентките изјавија дека училиштето било многу корисно за да се запознаат со што всушност значи терминот „дело на омраза“ како и да се запознаат и разменат мислења со нивните врсници на оваа тема.

Ова училиште беше дел од проектот „Училиште за човекови права за млади луѓе во Република Македонија и Долна Нормандија“ помеѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Видео пораката можете да ја погледнете подолу.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix