На почетокот на февруари 2015 година, општина Новаци беше зафатена од поплави како последица на обилните врнежи кои ја зафатија Република Македонија. Големата количина на дождови поплави дел од земјоделските површини и предизвика штети во неколку домаќинства во Новаци.
Општина Новаци успешно се справи со предизвиците од невремето спроведувајќи активности за намалување и заштита од поголеми штети. Со оглед на големината на предизвиканите штети Општина Новаци има потреба од дополнителни финансиски средства. Сметките за донации можете да ги најдете на следниот ЛИНК.
Општина Новаци е дел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамките на активностите кои ќе бидат спроведени на тема Прва светска војна, и преку соработката со општината Коломбел од Долна Нормандија.