На 26 март ќе се одржи Конференција на тема „Сојузничките сили на Истокот: од поразот на Дарданелите до крајната победа (1914-1918)”. Настанот започнува во 18 часот во просториите на ЕУ Инфо центар во Скопје.
На оваа тема ќе зборуваат Полковникот Макс Шјавон, историчар и писател, и г. Александар Стојчев, раководител на Музејот на мировни и безбедносно одбранбени истражувања.
Конференцијата ја организира Францускиот институт во Скопје и е дел од проектот „Македонија и Првата светска војна“ во соработка и со поддршка на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.