Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 мар. 2015

Средношколци од Битола во посета на Долна Нормандија

Средношколци од Битола во посета на Долна Нормандија

Categories: Млади, Сеќавање  / 

Од 19 до 27 март 20 ученици од средното училиште „Јосип Броз Тито“ од Битола ќе ја посетат Долна Нормандија благодарејќи на нивната долга и богата соработка со стручното училиште „Жан Мермоз“ од Вир.

Двете средни училишта работата на темата сеќавање и Првата и Втората светска војна. Целта на оваа соработка помеѓу двете училишта е да се развие свежа перспектива за светските војни. Учениците ќе се запознаат со условите и низата историски настани кои довеле до избувнувањето на овие два светски конфликти преку истражување на терен во погодените региони како и преку разговори со локалното население.

За време на оваа посета учениците направија и блог на француски и македонски јазик каде ги објавуваат нивните откритија како и импресии од училишната посета. Блогот можете да го посетите овде.

Покрај главната тема на проектот, размените ќе им овозможат на младите да откријат една нова култура и нова околина, и да ги дефинираат вредностите на споделувањето и отвореноста кон различните култури.

Овој проект е плод од долгата соработка помеѓу стручното средно училиште Жан Мермоз во Вир, Гимназијата Јосип Броз – Тито во Битола и Француската Алијанса во Битола и се спроведува во рамки на повикот за проекти 2015-2016 година на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix