На 8 и 9 април 2015 г. во Каен децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија ќе прослави 10 години. За да се обележи оваа долгорочна соработка планирани се голем број средби, работилници, изложби како и концерт на Тони Китановски и Черкези Оркестар и Баруф Оркестар.
Соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2005 година. Во текот на овие 10 години соработката се збогати и се зголеми, таа денес вбројува повеќе од 40 партнери: организации, општини, образовни и културни институции итн. Програмата на соработка се состои од многубројни проекти на различни теми: сеќавање и помирување, човекови права, култура и културно наследство, туризам.
Пријателството и работните искуства, ангажманот од страна на сите чинители од соработката оставија свој белег и ги збогатија двете територии. Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија продолжува со нов елан и уште поголеми предизвици!