2 волонтери од Франција ќе престојуваат во Македонија преку АЛДА Скопје во рамки на програмата Еразмус +. Преку Европскиот волонтерски сервис избраните кандидати ќе волонтираат во канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје. Изборот на француските кандидати кои ќе волонтираат во Скопје е во тек.
Волонтерите ќе бидат ангажирани една година и ќе работат на проектот „Volunteers for European Remembrance“. Младите ќе работат на активностите во рамки на програмата „Првата светска војна и Македонија“ на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија но, ќе развиваат и други активности на темите на мир, сеќавање и меѓукултурно разбирање со други млади од Европа.
Европскиот волонтерски сервис е прилика за младите да се запознаат со европските земји и да стекнат работни искуства во мултикултурна атмосфера.
Проектот „Volunteers for European Remembrance“ е поддржан од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и европските програми во рамки на Еразмус +.