Од 12 до 15 мај 2016 година, во Струга се одржа семинарот „The first step to become a Youth Worker“. За време на четиридневната обука 12 учесници од Македонија имаа можност да се запознаат со методите за анимирање на млади. Оваа обука беше организирана од Коалицијата СЕГА и спроведена од партнерите од Нормандија, здружението „Avril“ и организацијата „Maison pour tous - Léo Lagrange“ од Шербур.