Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 јан. 2017

Училиштен проект „ Сеќавање и археологија на Источниот фронт“

Училиштен проект „ Сеќавање и археологија на Источниот фронт“
Активностите по повод стогодишнината од Првата светска војна продолжуваат во 2016 година со училишниот проект посветен на историјата на фронтот од Првата светска војна во Македонија. Проектот го спроведуваат професорите од средното училиште Мермоз од Вир и Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

12 ноем. 2016

Комеморација на Првата светска војна: Научни денови посветени на Македонскиот фронт

Комеморација на Првата светска војна: Научни денови посветени на Македонскиот фронт

По повод комеморацијата на крајот на Првата светска војна, Францускиот институт во Скопје организираше Научни денови посветени на Македонскиот фронт на 11 и 12 ноември 2016 година во Битола.

27 окт. 2016

Македонските истражувачи во посета на Нормандија

Македонските истражувачи во посета на Нормандија


Научните истражувања предвидени во рамките на проектот за Првата светска војна во Македонија започнаа со првите активности на историско и етнолошко поле. Целта на ова истражување е да се открие повеќе за секојдневниот живот за време на Првата светска војна во Македонија. Во рамките на историскиот дел од истражувањата, истражувачите ќе го продлабочат знаењето за врската помеѓу војските и цивилите, додека пак на етнолошко поле, тие ќе обрнат внимание на животот на цивилите од Македонија за време на војната. 

20 окт. 2016

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

АЛДА Скопје беше домаќин на двајца волонтери од Франција во периодот од јуни 2015 до јули 2016 година. Рафаел Галвез и Натали Баргез се двајца млади французи кои беа дел од проектот на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во канцеларијата на АЛДА во Скопје. Тие работеа на проектот „Волонтери за европско сеќавање“, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Двајцата ЕВС волонтери гостуваа во АЛДА Скопје како дел од програмата „Еразмус +“, која е финансирана од Европската комисија.

26 јун. 2016

Првата светска војна ги обедини научниците од Франција и Балканот

Првата светска војна ги обедини научниците од Франција и Балканот

Програмата за Прва светска војна во Македонија доби нов елан благодарејќи на новата советодавна научна група. Научниците кои се дел од групата ги започнаа своите активности на 24 и 25 јуни 2016 година во Македонија. Нивната поддршка е од особена важност за спроведување на програмата и за вреднување на овој дел од историјата и културно наследство од овој период. 

RSS
12345678910Last
bflix