Од 22 до 26 септември, градоначалникот на Дебар, г. Ружди Љата како и претставници на Центар за одржлив развој на заедницата на Дебар ќе остварат работна посета во Иф. Посетата е предвидена во рамки на нивниот заеднички проект „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“.