Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

21 окт. 2014

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Пред почетокот на новата етапа на соработката Долна Нормандија / Македонија, овој октомври е посветен на размислувања, размени и дебати на сите полиња на работа, со цел да постигнат уште подобри резултати во иднина. По Комитетот за стратешко планирање, кој се одржа во Каен на 17 октомври 2014 година, помеѓу институционалните партнери на програмата, и оваа седмица, од 21 до 23 октомври, Регионалниот совет на Долна Нормандија е повторно домаќин на партнерите од повикот на проекти 2013 – 2014, локалните власти и организациите кои се за прв пат се среќаваат на тема меморијален туризам, новитет во соработката, произлезен од темата сеќавање и помирување.

21 окт. 2014

„Адвокатот и правната држава“ – обука за адвокатите од Македонија во Каен

„Адвокатот и правната држава“ – обука за адвокатите од Македонија во Каен

На 18 и 19 октомври 2014 година, неколку македонски адвокати престојуваа во Франција со цел да се сретнат со своите француски колеги и да разговараат за положбата на адвокатите во правниот систем на една држава.

RSS
bflix