Уметникот Алексис Дебеф од Нормандија ова лето ја избра Македонија за својата уметничка резиденција. Културниот центар во Битола е институцијата преку која овој уметник ќе ја извршува својата резиденција во Битола. Активностите ќе се одвиваат во рамките на фестивалот АКТО каде што ќе биде претставено неговото дело, инспирирано од неговиот престој во Македонија.