Краткометражниот документарен филм „Војникот Рајан од Битола“ го прошета светот и беше презентиран дури и за време на комеморацијата на Истоварувањето во Долна Нормандија. Публиката беше трогната од животната приказна на Панде Матевски, војникот кој потекнува од Битола и бил мобилизиран во американската армија и испратен во Нормандија на Денот-Д, каде загинал на 6ти јуни 1944 година.