Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна. „Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената.