Денот-Д, 6ти јуни 1944 година, датум кој што одекнува во сеќавањата на сите народи од светот. Во таа судбоносна битка клучна за победата над фашизмот и Македонија има свој претставник, битолчанецот Панде Матевски. По повод 70 годишнината од Денот-Д, на 30ти мај во Центарот за култура во Битола во 12 часот премиерно ќе се прикажува животната приказна на Панде Матевски преку кратка документарна репортажа со наслов „Војникот Рајан од Битола“.