Од 6 до 13 јули 2014 во Каен, Долна Нормандија, ќе се одржи Универзитет на Мирот организиран од страна на Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен. На овој меѓународен настан секоја година се среќаваат педесетина млади луѓе од целиот свет кои ги споделуваат своите идеи и знаења во повеќе дисциплини поврзани со мирот и човековите права. Наставата и предавањата се одржуваат на француски јазик.