Денес, на 6ти Јуни 2014 година, Франција и светот слават 70 години од Денот Д, Истоварувањето на сојузничките сили на брегот на Нормандија. По тој повод, на брегот на Нормандија денес се среќаваат светските лидери од земјите учеснички, преживеани ветерани, илјадници жители на Нормандија и посетители од целиот свет кои ќе им одадат почит на војниците кои беа дел од оваа битка.