Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 ноем. 2014

Соработката Долна Нормандија/Македонија им се посветува на младите

Соработката Долна Нормандија/Македонија им се посветува на младите
На 5 ноември, истовремено со светскиот форум за демократијата беше организирана и меѓународната конференција „Младите и интеркултуралноста : како влијаат на развојот на нашите територии?“.

11 ноем. 2014

Комеморација на Првата светска војна на француските гробишта во Битола

Комеморација на Првата светска војна на француските гробишта во Битола

11 ноември, датумот кој го означува крајот на Првата светска војна ќе биде обележан на различен начин од страна на секоја нација во светот, но, со една јасна и значајна порака за мир

4 ноем. 2014

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

По повод 100 годишнината од Првата светска војна и значајните траги кои се сè уште видливи на нашата територија во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, претставници од општините и граѓанскиот сектор ќе работат на темата меморијален туризам. 

4 ноем. 2014

Голем број на општини и граѓански здруженија ја посетија Долна Нормандија

Голем број на општини и граѓански здруженија ја посетија Долна Нормандија
Овој октомври во рамки на децентрализираната соработката Долна Нормандија – Македонија, 30 партнери од општините и граѓанскиот сектор од Македонија отпатуваа во Каен за да се сретнат со партнерите од Долна Нормандија. Оваа средба соедини повеќе од 50 учесници и поддржувачи на проектот за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

21 окт. 2014

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Пред почетокот на новата етапа на соработката Долна Нормандија / Македонија, овој октомври е посветен на размислувања, размени и дебати на сите полиња на работа, со цел да постигнат уште подобри резултати во иднина. По Комитетот за стратешко планирање, кој се одржа во Каен на 17 октомври 2014 година, помеѓу институционалните партнери на програмата, и оваа седмица, од 21 до 23 октомври, Регионалниот совет на Долна Нормандија е повторно домаќин на партнерите од повикот на проекти 2013 – 2014, локалните власти и организациите кои се за прв пат се среќаваат на тема меморијален туризам, новитет во соработката, произлезен од темата сеќавање и помирување.

RSS
First35363738394041424344Last