Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

22 септ. 2014

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Денес, на отворањето на Регионалните денови на културата во Пелагонија, во Битола, како дел од редовната програма ќе се одржи дискусија со Сенка Атанасова, доктор по филозофски науки и Ирена Цветковиќ, докторант по родови студии, на темата „Музеј на женски приказни”, организирана од страна на Локомотива, во соработка со дебатното кино „Контра-Кадар“.

19 септ. 2014

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел во официјална посета на регионот Пелагонија

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел во официјална посета на регионот Пелагонија

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел беше во официјална посета на регионот Пелагонија од 16 до 18 септември. Се реализираа работни средби на претставници на Мешаниот синдикат на Областа на заливот Мон Сен Мишел со претставници на општини (градоначалници и советници) и културни институции од регионот Пелагонија.

19 септ. 2014

Делегација од Дебар во посета на Иф

Делегација од Дебар во посета на Иф

Од 22 до 26 септември, градоначалникот на Дебар, г. Ружди Љата како и претставници на Центар за одржлив развој на заедницата на Дебар ќе остварат работна посета во Иф. Посетата е предвидена во рамки на нивниот заеднички проект „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“.

5 септ. 2014

Изложба на фотографии „Коњи на слобода во Европа“

Изложба на фотографии „Коњи на слобода во Европа“

Интересна изложба произлезе од невообичаена визија и партнерство помеѓу повеќе актери во Долна Нормандија и Македонија. Изложбата на фотографии насловена „Коњи за зачувување на природната средина : вкрстени погледи во Нормандија и Европа“. Изложбата се стреми да го истакне потеклото и еколошката улога на коњите кои потекнуваат од диви раси

26 авг. 2014

Младите ја завршија обуката за човекови права и дела од омраза

Младите ја завршија обуката за човекови права и дела од омраза

На 25 август Школата за човекови права за млади ги додели сертификатите на 20 македонски и француски учесници. Оваа летна школа организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, која се одржа во Скопје, им овозможи на младите од Македонија и Франција да разменуваат мислења на темата „дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност“ кај младите.

RSS
First37383940414243444546Last