Француската амасадорка во Македонија, Лоранс Оер оствари работна посета во општината Берово каде се сретна со градоначалникот на Берово, Драги Наџински. Нивната средба беше посветена на соработката помеѓу општините Берово и Ливаро со посебен акцент на институционалната соработка. Амбасадорката Оер ја понуди својата поддршка на соработката помеѓу Берово и Ливаро и нагласи дека е поволна за двете територии.