Од 17 до 20 јуни француска делегација од градот Шербур беше во посета на Велес. Делегацијата предводена од Барзен Бонјади, член на општинскиот совет на Шербур одговорен за млади оствари средба со претставници на Советот на Општина Велес, директорите и професорите по француски јазик од четирите средни училишта во Велес. Три професори од Шербур беа присутни со цел да ја зацврстат соработката помеѓу двата града преку работата на училиштата.