Групата музичари од Долна Нормандија, Баруф оркестар, која се препознава во музичката традиција на Балканот, реши да ја промовира традиционалната македонска музика во Долна Нормандија на оригинален начин. Овој месец, Баруф Оркестарот ќе се претстави пред својата домашна публика во Франција преку изложба на текстови, фотографии и краток филм кои низ зборови, музика и слики ја прикажуваат нивната музичка авантура во Македонија.